Санкционирани 243 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 25 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 27 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за некористење сигурносен појас, 13 за користење мобилен телефон при управување возило, 10 за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 57 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.