Санкционирани 217 возачи во Скопје од кои 93 возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Од Министерството посочуваат дека изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.