Санкционирани 217 непрописно паркирани возила во Центар

На територија на Општина Центар во текот на изминатата недела, ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција санкционираше 217 непрописно паркирани возила.

-Во периодот од 22.11. до 28.11.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информира ЈП ПОЦ.

Во наредниот период ЈП ПОЦ И СВР Скопје ќе продолжат со секојдневното отстранување на непрописно паркирани автомобили на територија на Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.