Санкционирани 183 возачи за еден ден во Драчево

Во рамки на засилените акциски контроли во областа  на сообраќајот од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден само на територијата на Драчево изречени се вкупно 183 мерки.

Како што оопшти МВР, меѓу изречените мерки се и за возење без возачка дозвола – 28, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и осум санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуват од МВР.