Санкционирани 168 возачи во Скопје, 66 за брзо возење

На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, беа изречени 168 мерки, од кои 66 за возење повеќе од дозволената брзина, а 14 за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.