Санкционирани 164 возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при тоа на територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции. 

Изречени се и 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возачи на мотоцикл, 12 за користење мобилен телефон, седум за технички неисправни возила во јавниот превоз, 11 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат за почитување на правилата и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.