Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 26.11. до 01.12.2018 година, санкционираа 177 непрописно паркирани возила, од кои 6 несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“ се вели во соопштението на ПОЦ.