Санкционирани 102 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина четири санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.