Санкции за 100 возачи, седуммина немале ниту возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.