Санирање на ударни дупки и пукнатини со еластичен асфалт во Ѓорче Петров

За прв пат во општина Ѓорче Петров се пополнуваат асфалтните оштетувања на улиците со еластичен материјал  Plastasphalt.
Трендот на воведување иновативни решенија продолжува.

Plastasphalt се вградува и суши само за неколку минути. Изработен е врз принципот на циркуларна економија, односно произведен од рециклирани остатоци од гуми врз основа на современи технологии.

Со денешното вградување на материјалот од страна на германска компанија која основа свое претставништво и производствени капацитети во земјава, започнува процесот на следење на квалитетот на материјалот а со цел истиот во иднина да се користи на целата територија на општина Ѓорче Петров. 

Plastasphalt се произведува во согласност со тековните еколошки правила. Произведен е и се применува без загадување. Гумената состојка се добива од рециклирани остатоци од гуми, придонесувајќи за намалување на загадувањето од употребувани гуми.