Санирани заштитните столбови кои се уништени од несовесни возачи

Екипите на ЈП Улици и патишта, денес ги санираа заштитните столбови на градските улици кои се уништени од несовесни возачи, како и заштитната ограда на кружниот тек кај Католичка црква на Гологанов.

Со цел да се одржи безбедноста на минувачите,во текот на денешниот ден санирани се столбчината на булеварот Партизански Одреди, Метрополит Теодисиј Гологанов и улица Васил Главинов.

Санацијата на столбчињата и заштитните огради на коловозите ќе продолжи и во текот на наредните денови на сите градски сообраќајници каде што ќе има потреба.