
Од вчера попладне, Вториот блок на РЕК Битола повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот.
Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електроуправување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа.
Сомнежот за саботажа во РЕК Битола го истражуваше МВР и се очекува информација од спроведената истрага.