Саниран голем дефект на водоводната мрежа во Карпош (фото)

По вчерашниот голем дефект на булевар „Илинден“, на раскрсницата со улица Манапо, екипите на „ЈП Водовод и канализација“ веднаш интервенираа и истиот беше саниран во текот на ноќта, а водоснабдувањето беше нормализирано во 04:25 часот.

Вчера жители од повеќе улици во околината немаа вода или имаа намален притисок поради овој дефект.

Булварот Илинден вчеравечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрвин направи хаос во сообраќајот, а кога екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече по што на асфалтот останаа кал и тиња.