Санација на вецињата во ООУ “Кузман Шапкарев” во населба Драчево

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, извршија увид во градежните активности во ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево каде се санираат осум санитарни јазли со над 30 тоалети. Во ова училиште изградено 1971 година настава посетуваат 660 ученици.

– Се работи за дел од проектот на МОН за изведба на рехабилитација на 13 училишта во Република Македонија и истиот треба да финишира за најмногу 6 месеци. Вредноста на реконструктивните зафати изнесува 5,1 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Министерството за образование и наука. Лани општина Кисела Вода обезбеди средства со кои во ова училиште беше поставена термоенергетската фасада, на површина од 3.141квадратни метр, а делумно беше заменета и кровната конструкција – информираат од општина Кисела Вода.