Санација на ударните дупки на улиците во Бутел

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека екипите на ЈП „Улици и патишта", во наредните неколку денови, доколку тоа го дозволуваат временските услови, ќе работат на санација на ударни дупки на улици во Општина Бутел, долж улицата Христо Татарчев, на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, како и долж бул.Свети Климент Охридски.

Eкипите, ќе работат и на реконструкција на коловозот на неколку сообраќајници на територија на Скопје , токму затоа ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.