Самсоненко: Срцето ми чука надвор од телото, вие сте нашето се!

Пред илјадниците граѓани собрани на плоштад Македонија денеска се обрати и сопственикот на Ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко.

Тој со насолзени очи кажа дека е горд на играчите, дека е горд што Македонија има народ од кој зрачи посебна енергија. Таа енергија изјави тој ја почуствувале и играчите, ја пренеле на терен. Самсоненко изјави дека радоста да се видат насобрани граѓани од самиот аеродром до плоштад е едно посебно чувство. Поради вас срцето ми чука надвор од телото, длабок поклон до македонскиот народ, вие сте наше се!