Самсоненко останува во Вардар и Македонија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ги „закопа секирите“ со новата власт и дефинитивно останува во Македонија, пренесе Независен Весник.

Газдата на европскиот машки ракометен шампион, женскиот ракометен вицешампион и македонскиот фудбалски шампион, и наредната година ќе ги финансира трите секции на Вардар, а тој не планира како што беше најавувано, да се вмеша во политиката.

- „Вучиќ е голем обожавател на Дарко Панчев, кој е сега спортски директор на Вардар и лично од него има побарано дрес, па сега го испрати преку Заев. Специјално за Вучиќ, беше испечатен бројот 9 и неговото презиме на грбот. Вардар е Вардар, институција на Скопје и на Македонија, годинава и европски шампион, гордост за сите нас и не треба да се прават драми околу тоа“, велат од Владата за независен.

Сергеј Самсоненко е сопственик на три македонски клуба што носат гордост во оваа држава, а Зоран Заев е претседател на Влада и секако дека премиерот се гордее со успесите на Вардар, исто како што се радуваше и поранешниот и веројатно секој нареден доколку го задржиме ова ниво на квалитет. Што се однесува до некакви заладени или затоплени односи со премиерот - нема такво нешто, ние сме приватна компанија, интернационален холдинг, кој работи согласно регулативите и законските прописи во Република Македонија. Самсоненко останува во Вардар и во Македонија, изјавите што ги даде дека си заминува беа дадени од емотивни причини и потоа повлечени“, рече вчера Ратко Капушевски, проект-менаџер на Сергеј Самсоненко за Македонија. 

Веднаш по формирањето на новата влада, Самсоненко преку медиумите упати порака: „Политиката не е мој интерес, се реализирам преку спортот, во него инвестирам