„Самсон и Далила“ вечерва на сцената на МОБ

Балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс ќе биде изведена на 15 јануари, вторник, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.