„Самовилска музика“ и концерт на Туту Ајдиноглу вечерва на „Скопско лето 2022“

Во рамки на 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето 2022“ денеска ќе се одржи концерт на класична музика за деца „Самовилска музика“.

Концертот ќе се одржи во Сули ан – Факултет за ликовни уметности, во изведба на Триангл Пулс.

Идејниот концепт, сценариото и режија се на Десанка Глигоријевиќ, учесници се Сихана Јакупи – модератор, хорнa, Андреј Наунов – пијанo и модератор, Јане Дунимаглоски- труба , мандолина и оперски пејач.

Во Музејот на македонската борба вечер, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концерт на Туту Ајдиноглу одТурција – пијано и Нурај Оџакли, наратор, исто така од Турција.