Самоубиство во Топанско

Постар маж вчера попладне си го одзел животот во скопската населба Топанско Поле.

Од полицијата информираат дека околу 17:30 часот било пријавено дека на улицата „Методија Митевски“, Ѓ.П.(91) извршил самоубиство со огнено оружје.

-Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираат од МВР.