Самоубиство во Скопје - се обеси маж

Трагедија викендов го потресе Скопје, кога маж реши да си го одземе животот со бесење. Полицијата денеска информира дека во 06 часот во селото Кадино во Скопје, на греда од лозницата која се наоѓа пред неговата куќа, се обесил 53-годишниот З.Б.

Истиот се лекувал во Психијатриска болница-Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.