Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

На својата вчерашна 15-та седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.