Самостојна изложба на Игор Јосифов во МКЦ

Мултимедијалниот уметник Игор Јосифов ќе има самостојна изложба во Младинскиот културен центар во Скопје која ќе започне на 14ти декември.

На изложбата премиерно ќе бидат презентирани уметнички дела на Јосифов, кои подоцна ќе бидат изложени во „Defibrillator Performance Art Gallery“ во Чикаго, САД каде што ќе се заокружи оваа уметничка целина.

Преку делата на „Континуум“ уметникот ќе го  презентира десетгодишното истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за транформација.

Изложбата ќе содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови, кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.

- Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себеистражување и слобода низ проектите како „Manumission“, „Taming Fire“, „Burning Words“, „Wit-ness“ and „2-dimensional“ - вели Игор Јосифов.

Проекцијата на филмовите на Јосифов ќе се одржи истата вечер на 14 декември со почеток во 21:30 часот во кино „Фросина“, по отворањето на изложбата чиј старт е закажан во 20 часот.