Самостојна изложба на Александра Петкова во Музеј на град Скопје

На 7 септември (петок), во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори самостојна изложба на Александра Петкова насловена Филогенеза.

Во изложбата насловена Филогенетика авторката Александра Петкова Гианели визуелно ја разработува древната приказна за врската мегу боговите и луѓето и симболиката на создавање на истите. Од памтивек луѓето создаваат приказни за светот, обидувајќи се да го објаснат нивното секојдневие, нивната мисија на земјата, нивниот печат и нивната преобразба. Мегу тие приказни се и приказните за врховниот Создател-Бог од небото, Големата Мајка-Божица на Земјата, раѓањето на Сонце-Бог, митовите на Месечината што се појавуваат на земјата и се претвораат во крава; концепција на месеците како божествени суштества, зодијачни системи итн. кои ни ја дадоа идејата за почеток на времето; појавата на редот од хаосот кој има централна улога во секоја колективна совест на секоја нација…