Самопочитување пред се: Не се газете себеси за трошка внимание!

Не му ги праќајте своите голи слики ако не се чувствувате пријатно. Немојте да спиете со него ако не сте подготвени за тоа, само затоа што се плашите дека ќе си замине. Не му дозволувајте да ве наговори на работи кои не сакате да ги правите, само затоа што сакате да го усреќите.

Не правете нешто само за да му се допаднете повеќе или за да ви даде повеќе внимание. Затоа што нема да го направи тоа.

Никогаш не ги мешајте почитувањето и вниманието, затоа што неговото внимание не значи дека ве почитува.

Може да гази по вас, да ве искористува и да ве прави будала без да забележите, затоа што се што гледате е неговото внимание и не ви е важно какво е тоа.

Првиот маж кој мислев дека го сакам, не ме почитуваше. Ме искористи, неговите пријатели мислеа дека сум луда и неколку пати ми го кршеше срцето.

И знаеше дека секогаш ќе се вратам назад.

Никогаш не бев доволно силна за да се заземам за себе, затоа што тој ми ја одзема силата и ме направи слаба. Тој беше мојата слабост и што и да речеше – јас исполнував.

Бев млада, наивна и мислев дека сум заљубена. Му дозволив да ме изманипулира и да изгледам дека сум глупава затоа што не се почитував самата себе.

На тој начин му дозволив да ме искористи и тоа само затоа што сакав внимание. Не ми беше важно ништо друго. Сакав да го чујам моето име изговорено од неговите усни, да мисли на мене кога ме нема и да ме посакува.

Правев работи кои не сакав да ги правам, затоа што го сакав неговото внимание.

Станав себична и огорчена. Луда и опседната со контрола. Ме претвори во личност која не сакав да бидам и се само затоа што не се ценев.

Единствено нешто што ми беше важно беше неговото внимание и тоа донесе самодеструктивно однесување во мојот живот.

Ја мразев личноста во која се претворав кога бев со него, затоа што го мразев оној кој направи да бидам таква. Но, највеќе го мразев тоа што самата дозволив да бидам таква.

Но, од сето ова и научив по нешто.

Научив дека треба да се почитуваш себеси за да ја добиеш почитта од другите. Во спротивно, другите ќе те газат.

Сфатив дека многу луѓе сакаат внимание, а не сакаат почит која треба да се заслужи.

Ни се случува љубов и одеднаш сакаме се: Сакаме страв, посакување, чувства, сакаме се, а најмногу сакаме внимание. Понекогаш не ни е важно откаде доаѓа тоа внимание, затоа што добро се чувствуваме кога ќе ја добиеме. Ги смалуваме стандардите за да добиеме комплименти.

Најважно е што научив дека вниманието не значи апсолутно ништо ако тој не те почитува.

Си ветив самата на себе дека ќе барам почитување, а не внимание. Почитта трае подолго и поради неа се чувствувам подобро.

Вниманието е убаво, но почитувањето е поважно, бидејќи со него автоматски добиваш и внимание. Ќе ти се воодушевува и надвор од спалната соба и ќе се гордее со тебе заради твојата личност.

Ќе стои покрај тебе и нема да прави будала од тебе.  Ќе те сака заради тоа што си, затоа што се почитуваш самата себе. Тогаш автоматски ќе ја заслужиш и неговата почит, но и вниманието кое го заслужуваш.

Биди свесна што заслужуваш и барај го тоа. Не прави нешто поради кое ти е непријатно, затоа што ти гарантирам дека само ќе те искористи и ќе си отиде. Не дозволувај некој да те менува како личност, само за да добиеш внимание.

Ти верувам дека не вреди. Ветувам.