Самоказнувањето нема да ви помогне: Грешките не ве дефинираат како личност!

Вие сте човечко сушствено и сигурно некогаш сте погрешиле. И тоа повеќе пати. Веројатно толку многу што понекогаш не можете да се гледате себеси во огледало. Сигурно сте ги повредиле луѓето кои ги сакате. Сте повредиле непознати луѓе. Сте се повредиле себе. 

Сте правеле работи кои воопшто не можете да ги поврзете со себе, работи кои сте мислеле дека не сте способни да ги направите, работи кои ви донеле непроспани ноќи, во кои со ширум отворени очи сте лежеле додека во главата ви се вртеле истите мисли: Зарем ова сум навистина јас? Дали сум навистина вака личност? Зарем сум лошо човечко суштество?

Сте направиле многу мали грешки, кои изгледале како да се ситници, а сепак ве прогонувале со денови. Мали незгоди на работа, нетактични зборови кои ви излетале во друштво, моменти кога сте ја утнале работата иако другите сметале на вашата помош.

А понекогаш сте правеле и поголеми грешки, оние кои долго време ве јадат одвнатре. Кога сте знаеле што е вистинскиот избор, но сепак не сте го направиле. Кога сте изневериле некој кој ви бил драг. Кога свесно сте рекле нешто што боли, зборови кои никогаш нема да можете да ги повлечете или избришете.

Во своите глави постојано се занимаваме со тие работи, затоа што така имаме чувство дека нешто правиме по тоа прашање. Можеби ако сме доволно опседнати со нашите грешки, ако доволно се мачиме за секоја мала и голема работа која сме ја згрешиле, можеби тогаш ќе можеме да продолжиме понатаму. Се казнуваме самите себеси, затоа што не знаеме што друго да направиме.

Но, со самоказнувањето нема ништо да постигнете. Со тоа само ја одржувате болката и таа станува цврста внатрешна болка. И го цеди вашиот живот.

Тоа што треба да го направите е да ја преземете одговорноста за вашите грешки. Да се извините и да признаете дека сте погрешиле. Да напраите се што е во ваша можност за да ги поправите работите и да им помогнете на луѓето кои сте ги повредиле. И потоа продолжувате понатаму.

Цврсто да се држите до сознанието дека вие не сте вашата најголема грешка. Морате да сфатите дека за вас повеќе говори тоа како се однесувате откако ќе згрешите. Можеби сте направиле лоша работа, можеби сте повредиле некој, можеби сте повредиле многу луѓе. Можеби сте го направиле тоа импулсивно и би направиле се за да го избришете тоа. Во ред, но не можете да го избришете и што можете да направите во врска со тоа?

Можете да дозволите вашата најголема грешка да ве дефинира, ако го сакате тоа. Но, можете да учите од неа. Да го поправите тоа што можете. Можете да се погрижите да не ја направите таа грешка пак. Можете да се извините и да ја признаете грешката и да сфатите што треба да направите за да не ја повторите. И кога ќе го направите се ова, тогаш ќе дојде време и да си простите самите на себе.

Тоа значи дека ќе заборавите и дека ќе се однесувате ко никогаш ништо да не се случило. Можете да дозволите грешката да биде дел од вас, дел од вашата историја и дел од причините поради кои вие денес сте личноста која сте. И тоа во добра смисла. Заради грешките можете да станете попаметни, помудри и подобри.

Можете да се погрижите да не бидете вашата најголема грешка. Одлуката е ваша.