Самохран татко од Скопје: Како да објасниш на едно дете, дека мама ја напушти и никогаш не ја побара

Иако многу често слушаме тажни животни приказни на самохрани мајки, оваа приказна е сосема поинаква.

Слободан од Скопје е самохран татко кој прави се што може својата мала ќеркичка да ја изведе на прав пат.

- Татко сум на преубаво девојченце, кое го одгледувам сам. Нејзината мајка си отиде еден месец откако се породи во Чаир. Бев многу нервозен мислев дека се работи за постпородилна депресија, но не беше така. Потоа сфатив, јас сум и татко и мајка на моето дете, вели тој.

Марија неговата ќерка денеска има девет години. Таа оди во училиште и има еден нормален живот заедно со својот татко, кој секој момент и целит негов свет го поклонува на неа.

-На почетокот беше многу тешко. Дома имав бебе од само еден месец. Мајка ми и сестра ми, ми помагаа околу чувањето. Не дозволував на Марија нешто да и недостасува. Така е и до денеска, раскажува тој.

Слободан работи како професор по англиски јазик, па така со таа плата ја издржува својата ќерка.

-Имаше моменти кога беше тешко. Сите деца кога ќе почнат да зборуваат најпрвин кажуваат “мама”, а после други зборови. На Марија прв збор и беше “баба”. Од нејзините уста и дали некогаш сум го слушнал зборот “мама”. Еднаш кога таа имаше околу 3 години, додека гледаше цртан филм, со семејство, ме праша, “тато а јас имам ли мама”... Срцето ми се кинеше. Како да објасниш на едно дете, дека мама ја напуштила. Дека мама никогаш повеќе не ја побарала за да ја види. Дека мама заборавила на сите нејзини родендени. Дека мама не ги виде нејзините први заби. Дека мама не ги слушна првите зборови, не ги виде првите чекори. Ниту се израдува на првиот училишен ден, ниту на првата петка и на првиот успех... Болно е. Но, не се вели залудно времето лечи си, па така и оваа рана се лекува. Среќен сум што ја имам Марија до себе. Таа ми е се во животот. Додека сум јас на овој свет, на неа ништо нема да и фали. Тато е тука да ги следи сите нејзини чекори, сите нејзини успеси, раскажува Слободан.