Само за неколку часа две лица во Центар беа каснати од кучиња скитници

Вчера во 11,20 часот во полициската станица Центар М.А.(37) од Скопје пријавила дека на плоштад Македонија додека возела велосипед била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера исто така во 15,00 часот во полициската станица Центар М.Т.(25) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.