Само вчера во Скопје полицијата изрече над 250 санкции во сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено свлетло, 20 мерки за некористење на сигурносен појас...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.