Само вчера изречени 188 сообраќајни санкции во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, три мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.