Само вакцинирани ќе можат да ја бодрат нашата репрезентација во Романија

Лоша вест доаѓа од Романија, поточно од премиерот Флорин Читу која се однесува за натпреварите на Европското првенство каде ќе игра и Македонија.

Имено ако досега се знаеше дека во Романија ќе може да се влезе со ПЦР тест и да се остане два дена, сега новите информации велат дека најверојатно на стадионот во Букурешт, каде што ќе игра нашата репрезентација, но и во Романија воопшто, ќе може да се влезе само со Ковид-19 пасош, односно со потврда дека си вакциниран.