Само се вели “ај да одиме на кафе”, а често се завршува со пиво, ракија и мезе во кафеана

“Ај да одиме на кафе” е една од најчестите реченици на денешницата. Се поставува прашањето, дали навистина се пие кафе кога ќе се излезе надвор.

Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.

Па затоа честопати, за да дојдете до дружење и забава, ја користите реченицата “ај да одиме на кафе”, а всушност сте многу далеку од пиењето на истото.

Македонски, интересен сидром е во прашање. Често пиењето на кафе, се заменува со пиење на алкохол, и тоа не во кафуле туку во кафеана.

Кафето се заменува со ракија, пиво или вино, и задолжително мезе. Забораваш дека си излегол на кафе, сепак нели алкохолот понекогаш е посладок.

Веќе наредниот ден, се освестуваш дека ти всушност си излегол на кафе, а не се ни сеќаваш на дел од вечерта.

Сепак, кафето си е кафе. Многу работи започнале со негово пиење.

 Во секој случај, пиењето кафе е посебен вид култура, посебно во Скопје.

Пиењето кафе е изговор за да ги споделиме нашите маки, за да се видиме, за да си раскажеме нови работи, за да се насмееме и на крај и да се запознаеме. Пиењето кафе е мерак.