Само полека, ни доаѓа убава пролет

Паника, грижи, неспокој кај повеќето луѓе. Но, надвор деновите се прекрасни. 

Излезете на тераса или во својот двор, погледнете ја убавината на природата која се буди околу вас. Тешко е, но нема засекогаш да биде вака. Природата ни најавува убави денови.

Насмевнете им се на соседите, наберете цвеќе од својот двор, истегнете се, почувствувајте го убавиот мирис на дрвјата кои почнуваат да цветаат, погледнете во сонцето, изморете ги очите. Вдишете и издишете. 

Сетете се на тоа дека мораме да имаме и добри и лоши денови. Добрите допрва доаѓаат.

Вратете се назад дома, измијте ги рацете. Изберете ја омилената книга од полиците, ставете го цвеќето во вазна, повторно вдишете и издишете. Напијте се вода, пијте вода низ текот на целиот ден, јадете овошје и зеленчук, напијте се и чаша вино пред спиење, ако тоа ви годи.

Не заборавајте, природата се буди, време е за убави промени.