САМО НОВ ЗАКОН: Хаварисани коли со години зјаат на паркинзи

Стари, нерегистрирани и оштетени возила ги грдат паркинзите, тротоарите, тревниците и приодите кон станбените објекти. 

Искуствата покажуваат дека повеќето сопственици воопшто не се загрижени што нивните возила зафаќаат паркинг и ја нагрдуваат околината, бидејќи се неисправни и стари и по неколку децении. А, ретко која од општините располага со складишта, или посебен ограден простор за хаварисани возила. 

-Во согласност со Законот, Град Скопје не е надлежен за подигање и отстранување на хаварисани возила, тоа е исклучива надлежност на општинските комунални инспекторати на општините во Скопје“.

„Комуналните инспектори најпрвин им оставаа опомени на сопствениците на хаварисаните автомобили за да ги отстранат во одреден рок. По тој рок инспекторите, според Законот за управување со отпад немаат законски основ ниту да ги казнат сопствениците, ниту, пак, смеат ниту имаат каде да ги однесат возилата, затоа што сопствениците можат да ги тужат. За изнаоѓање ново законско решение општинските градоначалници разговараа во Градот, бидејќи не може поинаку да се реши проблемот со отстранување на хаварисаните автомобили“, вели Снежана Клинчарова, портпарол во Општината Бутел.