Само луѓето кои имаат верба во себе се во состојба да им бидат верни на другите

„Најголемата задача на човекот во животот е да се роди самиот себе.“

Ерих Фром, автор на познатиот психолошки есеј „Умешноста на љубовта“, највеќе се занимавал со феноменот на слободата (воглавно лична, а делумно и политичка) и механизмите на бегство од слободата, со оглед на тоа дека слободата е тешко да се поднесе, како и феноменот на оттуѓеноста во современиот свет. Тука се подразбира светата задача на секое човечко битие самото да го открие одговорот на прашањето: Која е суштината на моето постоење?

Фром вели дека речиси и нема поважна задача, односно цел во човековиот живот, како љубовта која во таа мера е важна и започнува со таков ентузијазам, а толку често се завршува со пораз.

Денес ви пренесувам некои од неговите најцитирани мисли:

„Љубовта кон беспомшниот, љубовта кон сиромашниот и странецот, се почеток на братската љубов.“

„За повеќето луѓе во денешниот свет, поимот љубов подразбира некој да ги сака нив, а не тие да се способни да сакаат.“

„Само личноста која има верба во себе е во состојба да биде верна на другите.“

„Ако личноста е способна продуктивно да сака, таа се сака и самата себе; ако ги сака само другите, таа личност не е воопшто способна да сака.“

„Љубовта е умешност – најважна работа на светот е добро да се научи оваа умешност.“

„Мајчината љубов е мир. Не треба да се достигне, треба да се заслужи.“

„Себичните луѓе не се способни да ги сакаат другите, но исто така не се способни да се сакаат самите себе.“

„Љубовта е единствен разумен и задоволителен одговор на проблемот на човечката егзистенција.“

„Љубовта не е резултат од сексуалното задоволство, туку сексуалното задоволство е резултат од љубовта.“

„Дали е љубовта уметност? Тогаш таа бара знаење и напор.“

„Креативноста бара храброст за да не се држиш до сигурноста.“

„Љубовта примарно не е однос кон одредена личност: тоа е став, ориентација на битието кон светот како целина, а не кон еден објект на љубовта.“

Фром вели дека не е толку важно кого сакаме, односно кој е објект на нашата љубов, туку поважно е колку  умееме да сакаме, а луѓето многу се разликуваат во однос на ова.

„Парадоксално, но способноста да се биде сам е услов да се биде способен да љуби.“

„Богат не е оној кој многу има, туку оној кој многу дава.“

Видови љубов: Разлика помеѓу зрела и незрела љубов

Незрелата љубов вели: „Те сакам затоа што ме сакаш.“
Зрелата љубов вели: „Сакан сум затоа што те сакам.“
Незрелата љубов вели: „Те сакам затоа што ми требаш.“
Зрелата љубов вели: „Ми требаш затоа што те сакам.“