Само храбро напред!

Чекориш по тој свој пат.
Понекогаш сам. Понекогаш во друштво.
Понекогаш трчајќи, а некогаш и на колена...
Некогаш со поддршка покрај патот, а некогаш сам и измачен.
Удиран од невремето и дождот кој ти ги пере солзите. Додека истовремено те прави посилен. 

И после тоа повторно блеснува сонцето, па полесно чекориш понатаму.
И сретнуваш некој нов.
Па дел од патот ќе го прошетате заедно. И можеби ќе те допре само со неколку зборови, а можеби со длабок разговор.
И потоа продолжувате држејќи се за раце.
Свесни или несвесни дека набрзо ќе дојдете до разделба.
И до изборот дали и натаму ќе одите заедно.
Или секој по својот пат.

И едното и другото е во ред. Затоа што и тоа е дел од животот.
И некои нови спознанија.

Има нешто и во таа самотија. Во која се сретнуваш сам со себе.
Па испливуваат некои стари стравови или се раѓаат нови надежи.
Па се испитуваш, промислуваш... Се чистиш себеси и одново се градиш. Го отфрлаш неважното и го избираш важното. Ги исцелуваш раните и одново се составуваш. 

Понекогаш исплашен од тоа што се крие зад аголот, а понекогаш радосно возбуден и полн со исчекувања. 

Како и да е... Важно е да продолжиш понатаму.
Макар и со страв, макар и на колена... Само да не застануваш.
Што и да се случило. Да не се исплашиш и да не се вртиш назад во желба да се вратиш на старото.
Затоа што животот тече натаму и тоа е природно.
Она што треба да биде до тебе на тој пат – ќе биде.
И оние на кои им треба тоа – исто.
Нема потреба да повлекуваш некого на сила, некој кому не му е таму местото. Или е тука или не е. 

Прифати го тоа и оди понатаму, 

И следи ги знаците по патот. Затоа што ги има многу.
И не зависи од публиката и од нивното мислење.
Затоа што денес ти си им во фокус, а утре ќе биде некој друг.
Тоа се само набљудувачи и тие не го создаваат твојот живот и не ги градат твоите успеси. 

Твојот живот си ти. И твоите избори.
Луѓето кои ги сакаш и кои ги допираш додека патуваш.
Добрината која ја носиш на овој свет.
Додека со љубов го мирисаш цветот и поради таа љубов не го кинеш.
Свесно ја заобиколуваш мравката за да не ја згазиш.
Му се заблагодаруваш на сонцето што сјае и на дождот што паѓа.
На рамниот пат, но и на секоја препрека.

Затоа што сите овие работи всушност се ти.
Сите тие работи те зајакнуваат и градат.
И постојано се менуваш, не си повеќе ист.
Посилен си и подготвен за нови предизвици.
Нови авантури и нови спомени.
Додека душата те турка напред и твоите желби и соништа те повикуваат.
На кои секогаш нешто те потсетува. 

Птицата е најсигурна во гнездото.
Но, создадена е да лета!

~ Ива Брадариќ