
Денеска се одржува вториот круг од осмите Локални избори од осамостојувањето на Македонија. Според Законот за територијална организација, ова се четврти избори на кои се избираат градоначалници и советнички листи во вкупно 80 општини и Градот Скопје. Овој круг е клучен за конечниот избор на локалните власти.
Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, под услов да е исполнет законскиот цензус за излезност од една третина од вкупниот број гласачи во таа општина. Правилото за избор е едноставно: за градоначалник е избран оној кандидат кој добил и само еден глас повеќе од противкандидатот. За непречено спроведување на изборите, ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Изборниот законик предвидува и постапка во случај на неуспешен избор. Ако и по вториот круг, од кои било причини, не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија ја известува Владата во рок од 15 дена од завршувањето на изборите. По добивањето на известувањето, Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на нови избори за градоначалник, кои потоа се вршат во рок од 60 дена од конечно сумираните резултати.