Само две недели по вселувањето: Запушен тоалет во „Стив Наумов“ поради фрлени влажни марамици

Само две недели откако реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ беше вселен, се појавил проблем со запушен тоалет поради фрлени влажни марамици.

Од Mинистерството за образование апелираат студентите да се однесуваат одговорно и совесно кон новите услови за престој и кон заедничките простории во домот.

„Неразградливите материјали не припаѓаат во тоалетната школка и можат да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата“, се наведува во апелот објавен на социјалните мрежи.

По интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“, проблемот бил отстранет, а просториите исчистени.

Од надлежните потсетуваат дека реконструираниот дом претставува капитална инвестиција во која се вложени многу труд, време и средства, не само за сегашните студенти, туку и за идните генерации.

„Апелираме до сите студенти да го чуваат домот и заедничките простории, да покажат почит кон јавните добра и да бидат пример за одговорно однесување“, се наведува во пораката.