Само 30 минути можат да ви го променат животот

Главна причина за неуспехот е недостигот на трпение. Оваа причина, заедно со желбата веднаш да се дојде до резултати и да се исполнат сите желби, се основа за поголемиот дел од животните неуспеси. Во реалноста, за успех е потребно време. За голем успех треба многу време.

Ричард Бренсон не станал милијардер преку ноќ. Мадона не се разбудила едно утро и така наеднаш станала кралица на поп музиката. Дејвид Бекам не станал врвен фудбалер после три тренинзи. Меѓутоа постои начин кој им помага на сите и во сите ситуации. Повеќето луѓе го знаат, но никогаш не го користат. Зошто? Затоа што многу е полесно да чекаме светот да ни падне пред нозе. Но, светот по правило не брза да го направи баш тоа.  

Затоа, применете го овој едноставен метод, кој сигурно ќе ве доведе до успех. Се нарекува „Теоријата на половина час“. Неговата предност е тоа што е погоден за сите ситуации и многу лесно може да се вклучи во сечиј распоред. Општата идеја е дека секој ден треба да одвојувате во половина час за некоја мала работа, а потоа со секој нареден ден ја правите посложена, врз основа на темпото со кое се усовршувате. 

Изгледа премногу просто, зарем не? Но, ќе се изненадите колку луѓе велат дека ова е банално, а не се ни обиделе да го направат тоа. На пример, секој ден можете да најдете половина час за читање книга. Глупост, зарем не? Но, на овој начин, за една година ќе прочитате околу 24 книги, а тоа е повеќе од она што половина од луѓето читаат во период од 10 години. 

Можете да посветите половина час дневно за учење странски јазик или учење корисни вештини. Стекнете темелно знаење за некоја тема која ве интересира, стекнете искуство кое ви недостасува. Секој ден одвојувајте половина час за остварите некој ваш животен сон. Направете го она кое што секогаш сте го одложувале за подоцна, заради недостаток на време. После извесно време, на пример, после шест месеци, навратете се наназад и ќе видите колку сте постигнале и колкав напредок сте направиле. Ќе бидете вчудоневидени од тоа колку многу сте постигнале со само 30 минути дневно!