Само 169 Бугари од Северна Македонија пријавени да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април

Само 169 лица од Северна Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет.

Според резултатите од последниот попис на населението во Северна Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица. Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција - 28.286, во Велика Британија - 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.