Самарџиски се враќа во Аеродром

МЗТ Скопје додаде значајно засилување во својот ростер за клучниот дел од сезоната, потпишувајќи договор со Предраг Самарџиски.

Искусниот 32-годишен центар ќе биде дел од „металците“ до крајот на сезонава, што за него претставува враќање во аеродромскиот клуб по пауза од три и пол години.