Сам себе најголем непријател: 5 знаци дека имаш токсичен однос со себе

Секогаш зборуваме за токсичната врска со другите, но постои и токсична врска со самиот себе. Исто како што треба да излезеш од токсичната врска со другите, треба да излезеш и од токсичнта врска со самиот себе. Не е невозможно.

Од сите односи и врски во животот, најважна е врската која ја имаме со себе. Кога си во добар однос со себе, сѐ ќе оди подобро и другите односи ќе бидат поздрави. Луѓето кои не сакаат да поминуваат време со себе и кои решението на сопствените проблеми се обидуваат да го пронајдат во врските со другите никогаш нема да ги решат тие проблеми. Кога си океј сам со себе и имаш здрав однос, тогаш имаш и добар темел за другите односи. Многумина од нас не се ни свесни дека се во токсична врска сами со себе.

Што и да направиш не си задоволен затоа што си премногу критичен кон себе

Супер е што имаш критериуми и што се мотивираш да бидеш подобар, но кога со нешто не си задоволен и си прекритичен кон себе тогаш си отиден во друга крајност која не е добра. Постојаното потсетување на грешките кои си ги направил е исто така токсична навика. Некогаш мора да си попуштиш и да бидеш среќен затоа што нешто си успеал, а не да бараш начини како сте можеле да го направите тоа подобро.

Пронаоѓаш оправдувања за своите лоши навики

За сите лоши навики имаш некое добро оправдување кое си го даваш. Реално гледано, тоа оправдување веројатно не е добро. Често луѓето кои имаат лош однос сами со себе мислат дека не ни заслужуваат подобро и дека затоа не треба да се обидуваат да бидат подобри или да се обидуваат да го подобрат својот живот. Некогаш ова моѓе да ескалира и да придонесе многу поголеми проблеми.

Постојано си жртва за другите

Сама себе не си на прво место, а би требало да бидеш. Иако е убаво да си подготвена некому да му направиш услуга или да се жртвуваш за некого, тоа не е секогаш најдобро решение. Постојано се обидуваш другите да ги направиш среќни, а што е со тебе? Се запоставуваш поради другите.

Имаш ниска самодоверба

Ако сам себе се омаловажуваш зборувајќи си како не си доволно паметна или доволно убава, тоа ќе те однесе на многу темно место. Многу млади, но и повозрасни, имаат проблем со самодовербата. Не е лесно да се подигне самодовербата, треба работа, труд и време, но не е ни невозможно. Постојат начини како да почнете да се гледате себе во подобро светло.

Ти треба потврда од некој друг за да бидете среќен и задоволен

На сите ни ласкаат комплименти и кога некој ќе ни каже нешто убаво се чувствуваме поубаво и полни со самодоверба. Но, тоа не би требало да биде единствен начин за да се чувствувате добро. Ако не се чувствувате добро или среќно додека некој не ти даде комплимент и потврда за тоа, тогаш тоа е уште знак дека си во токсичен однос сам со себе и дека мораш да работиш на тоа. Градењето самодоверба не е лесна работа. Важно е да веруваш во себе и да знаеш дека си „ваууу“ без да мора другите да ти го кажат тоа.