Салиу: Овие 45 ковчези се моја вина, твоја, на сите нас...

Новинарот Фуркан Салиу, преку фејсбук статус, емотивно сведочеше за вчерашната церемонија за достојно испраќање на настраданите во автобуската несреќа кон нивниот вечен дом. Тој, истовремено, упати моќна порака за одговорност за жртвите!

-Како глас да доаѓаше од ковчегот... Беа благодарни што дојдовме да изразиме сочувство до семејствата и да ги почитуваме. Но, гласот што го слушав беше избледен...Се слушаше колку што разбрав. Ми рече: Супер е што се собравте денес, ама пак соберете се... Мажи, жени, стари и деца и не дозволувајте да се повтори. Солидаризирајте се едни со други, обединете се, излезете и гласно викајте: #СЛУШАЈТЕ! #ПРАВДА ! #ЖИВОТ!, вели Салиу. 

-Сакав да му одговорам, но не можев од срам и вина што ме обзеде. Овие 45 ковчези се моја вина, твоја, на сите нас. Овие 45 ковчези беа придружувани од десетици други мртви тела... Некои од нив имаа вратоврски, а некои беа со микрофони и камери во рака.

Засрамен сум да го завршам ова писание. Засрамен затоа што мојот микрофон и камера дозволија „Ласкарци“ да се повтори. Засрамен затоа што мојот микрофон и камера дозволија оние кои предизвикаа „Ласкарцки“ да останат неказнети.

Засрамен затоа што му дозволувам на системот да го користи терминот „несреќа“ за да опише вакви настани, каде ништо случајно не се случило и сè се случило како резултат на неодговорност, порача Салиу.