Салата со пилешко и праски

Комбинациите на намирници за салата се бесконечни и секогаш можете да се препуштите на својата имагинација, за да подготвите одличен оброк. 

Состојки:

Два пилешки стека
Едно авокадо
Два домата
Една краставица
Црвен кромид
Една праска
50 гр млад спанаќ
Зачини
Маслиново масло

Подготовка:

Пилешкото месо исечете го на ленти и оставете го да се маринира околу половина час во зачини, сол и масло. Овие парчиња месо потоа можете да ги испржите на грил тава или да ги испечете во рерна. Откако се готови, оставете ги да се изладат. 

Исецкајте ги останатите зеленчуци, ставете ги младите листови спанаќ и зачинете со масло, босилек и сол. Можете да додадете и сок од лимон. Одозгора ставете парчиња излупена праска, па додадете ги и изладените парчиња пилешко месо. 

Прелијте со малку балсамико крем.