Салатите во секоја можна варијанта се број 1 оброк за летните денови, кога на никого не му се готви.
Со правилен избор на состојки, добивате вкусен и нутритивно вреден оброк, а за денес или некој од следните денови, подгответе ја оваа салата со киноа, со следниве состојки:
200 гр конзервиран грав (црвен или црн)
120 гр киноа
Едно зрело манго
Една црвена пиперка
Едно авокадо
Еден кромид
Луто пиперче
Сецкан свеж коријандер
Подготовка:
Киноата сварете ја и оставете ја да се излади. Исцедената киноа повремено мешајте ја со вилушка за да не се залепи.
Додека се лади, сецкајте ги другите состојки и ставете ги во голема чинија. Додадете ја изладената киноа и измешајте убаво, па најгоре ставете сецкана чили пиперка (количина по желба или пак воопшто не ставајте ако не сакате луто) и посипете со сецкан коријандер.
Можете да зачините со балсамико оцет и маслиново масло или пак со сок од лимон.