Ова е уште еден рецепт во духот на зимницата која се подготвува во овој период. Доколку не сте љубител на зимница, но сепак ги сакате црвените пиперки, ова е еден од подобрите рецепти кои можете да ги најдете, а сепак да не морате да потрошите цел ден во подготовка.
Состојки:
Три црвени пиперки
Четири домати
Две чешниња лук
Магдонос
Зачини
Малку шеќер
Подготовка:
Испечете ги пиперките и исецкајте ги на парчиња со различна големина. Доматите излупете ги и исчистете ги од семки, па исечете ги исто на парчиња.
Во тава загрејте масло, пропржете ги лукот, зачините и ставете ги доматите. На крајот ставете ги испечените пиперки.
Бонус совет: Доколку имате печени пиперки од тегла, можете да ги искористите и нив во овој рецепт, наместо да печете свежи. Ќе добиете малку поинаков, но се уште предобар вкус.