Салата со црвена зелка и ориз

Здрава и освежителна…

Потребно е:
1 чаша (од 200 мл) ориз
1/2 главица црвена зелка
1 помала главица црвен кромид
маслиново масло, по вкус
сок од лимон, по вкус
малку сол и црн пипер
1-2 лажичиња кисела павлака

Подготовка:
– Сварете го оризот.

– Зелката тенко исечкајте ја. Во еден сад ставете ги сварениот ориз и сечканата зелка и измешајте.

– Додадете сол и црн пипер по вкус и измешајте.

– На крај во еден сад измешајте ги киселата павлака со маслиновото масло и сокот од лимон. Оваа смеса сипете ја во салатата и полека измешајте.

– Пред да ја послужите оваа салата изладете ја во фрижидер. Пред служење украсете ја со тркалца кромид и парчиња лимон.

CULTURE KINGS PARRAMATTA IS NOW HERE!