Салата од компири со прелив од јогурт

Компирот го имаме во секоја сезона, па затоа не е тешко да се комбинира во најразлични јадења. 

Компир-салатата е одлична и како самостоен оброк, но и како прилог на други јадења. Овој рецепт со сигурност ќе ве воодушеви. 

Состојки:

500 гр компири
Еден црвен кромид
Три лажички мајонез
200 мл јогурт
Зачини
Свежи зачински билки

Подготовка:

Компирите сварете ги и оставете да се изладат. Подгответе ја смесата од јогурт, мајонез, зачини и зачински билки и добро измешајте.

Изладените компири исечете ги на коцки, ставете го сецканиот кромид и прелијте со преливот. Можете да додадете и маслиново масло.