Салата „Метла“: Прочистете ги цревата, испеглајте го стомакот за една недела

Салатата „Метла“ ужива голема популарност веќе неколку години по ред. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но е драгоцена за оние кои сакаат да го исчистат организмот и да ослабнат. Во што е нејзината тајна?

Основните компоненти на салатата (зеленчукот) го обогатуваат организмот со витамини и минерали, а поседуваат и влакна и петкини. Благодарение на ова, ова здраво јадење придонесува за исфрлање на фекалните наслаги, со што се намалува телесната тежина.

Класичниот рецепт на оваа салата содржи, зелка, цвекло, морков, лимонов сок и масло за јадење.

Подготовка:Нарендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1.Додајте зачински растенија по вкус. Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте лимонов сок. По желба може да се додаде изгмечено лукче. Се залева со малку растително масло за јадење, ленено или маслиново.

Салата не е потребно да се соли, а ако не можете без соленкаст вкус ставете малку соја сос.