Сакате да сте посреќни? Решението е едноставно

Според повеќе истражувања, самоубиствата се втора причина за смрт меѓу младите на возраст од 15 – 24 години во САД.

За таа цел, Попи Џејми, дипломен на Лондонската Школа за економија ги помина изминатите три години работејќи со експерти во областа на невронауката, психотерапијата и психологијата за да го разбере подобро начинот на кој функционира човековиот мозок, но и да разиве апликација која ќе ни помогне да се ослободиме од стресот, напнатоста и депресијата.

Според Џејми, имаме 40-60000 мисли во текот на денот од кои 98 % се слични на вчерашниот ден, додека пак 80% од нив се негативни. Затоа, мораме да го промениме начинот на кој размислуваме и се однесуваме. Според неа, луѓето не знаат како да бидат среќни, ниту пак учат како да се справат со сериозни нешта како раскинување, смрт и други големи негативни настани кои се дел од животот.

Тоа е така бидејќи се насочуваат кон целта, а не кон начините и механизмите кои би им помогнале да ги постигнат тоа. Многу мал број луѓе размислуваат за тоа што ги прави среќни и се трудат да го практикуваат тоа почесто. Најголем дел од нивните мисли во текот на денот се поврзани со тоа дека тие се несреќни и со грижите зошто  е тоа така.

Фокусот на секоја индивидуа треба да биде кон тоа што ја прави среќна и постојано практикува на таквите активности. Тоа вклучува и градење на позитивни навики и т.н. дневни ритуали со кои ќе бидеме посреќни.